Малолетничка грабната во Шуто Оризари

140
1

Скопјанецот И.Ш. (44) вчера околу 19 часот пријавил во полиција дека истиот ден околу 3 часот на ул. „Патрис Лумумба“ била грабната неговата 16 годишна ќерка.

-И.Ш. пријавил дека додека неговите две малолетни ќерки биле во продавница, во еден момент кога се враќале кон домот зад нив застанало патничко моторно возило од кое излегле две лица (кои претходно се познавале со двете малолетни девојчина) и според пријавата на таткото го земале едното девојче и без нејзина согласност ја внеле на задното седиште од возилото и заминале, информираат од полицијата.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Loading...