МАМА АЗРА ГО ИЗДАДЕ: Ова е новата љубов на Ален Хасановиќ!

1597

Популарниот пејач чија кариера вртоглаво расте, Ален Хасановиќ досега умешно го криеше својот приватен живот од очите на јавноста, но неговата мајка случајно го издаде.

Имено, колешката со која заедно се натпреваруваа во „Ѕвездите на Гранд“ и со која сними дует, Белма Карсиќ деновиве е на гости кај Ален Хасановиќ и заедно со целото негово семејство уживаат во домашна атмосфера.

Сепак, на семејната фотографија која на социјалните мрежи ја објави неговата мајка, Азра Хасановиќ, има еден детаљ кој предизвикува бура од сомнежи. Белма и Ален уживаат во прегратка на мама Азра и заљубено се смешкаат.

Хасановиќ и Карсиќ досега официјално не ја потврдија врската, а на гласините за нивната наводна голема љубов само слатко се смешкаа пред објективите на српските медиуми.

извор:репортер

Loading...