Маска од глина за стеснување и чистење на порите на кожата

67
1

Пред да почнете, една напомена, овие маски од глина мора да се прават во стаклени чинивчиња, со дрвени лажички, бидејќи глината оксидира во допир со металот.

Често пати проширените пори се последица од загадена животна средина, неправилна исхрана или користење на неквалитетна козметика.

Треба да се разбере дека не можеме целосно да се решиме од проширените пори, но, можеме да ги стесниме и да го исчистиме лицето од мртвите клетки. Во тоа од голема помош се маските од бела и зелена глина. Ако планирате третман на лицето со глина, ви препорачуваме глината да ја купите во аптека, бидејќи е проверена и нема да имате причина да се грижите.

Постојат бела и зелена глина, вие треба да решите која ќе ја користите за време на третманот. За сува и чувствителна кожа препорачлива е бела, a за мрсна зелена, но, која и да ја пробате, ефектот ќе биде фантастичен, бидејќи двете глини се многу лековити.

За мрсна кожа:

Зелента глина буквално ја впива мрснотијата, отровите и нечистотиите од кожата. Тонизира, ја стимулира циркулацијата, го обновува тенот, ги собира порите и ја ревитализира оштетената кожа.

Во стаклена чинија измешајте две лажички зелена глина, една лажичка масло од јојоба, а потоа, постепено, додавајте млак чај од камилица. Мешајте се додека не добиете хомогена паста. Оваа маска држете ја на лицето најмалку 15 минути, па измијте се со млака вода. 

За чувствителна кожа:

Оваа маска се прави од бела глина и се препорачува на лица со чувствителна, мешовите и нормална кожа. Во стаклено чинивче ставете две лажички глина, една лажичка билно масло, а потоа постепено додавајте цветна водичка или чај. Ако немате цветна водичка, можете да ставите и дестилирана вода, и мешајте додека не добиете хомогена паста. Маската ставете ја на чисто лице, држете 15 минути па исплакнете со млака вода.

Општо гледано, глината ги лечи акните и митесерите, го спречува црвенилото и флеките на кожата и го поттикнува создавањето на колагенот и еластинот, најважните состојки на младоста и свежината.

hybread