Маж загина во тешка сообраќајка во Битола

Четириесет годишниот И.Г. од битолско Горно Оризари го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа која вчера вечерта околу 20:35 часот се случила на крстосница во Битола.

Од полицијата утринава информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Голф 3“ со битолски ознаки управуван од 29-годишниот А.К. и мотор „Хонда“ кој го возел сега починатиот.

По несреќата, од здобиените повреди И.Г. починал на лице место, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Полициски екипи извршиле увид на местото.

извор:курир

Loading...