Мажот е најсреќен кога љуби ваква жена!

1031
1

Иако денес најмногу внимание се посветува на физичкиот излед и се чини дека мажите паѓаат само на облини, вистината е малку поинаква. Сепак бараат нешто друго во својата партнерка.

Доколку ги поседувате овие карактеристики, секој маж би бил пресреќен со вас.

Искреност

Вистинските мажи пред сѐ ја ценат жената во која можат да имаат доверба и со која можат да бидат искрени. Таа ќе ја чува неговата тајна од минатото и нема да ги нагласува неговите маани во друштво.

Почитување

Мажот не сака да биде со личност која не го почитува. Колегите и семејството не можемеда ги бираме, но оваа карактеристика е неопходна за квалитетна врска. Жената која не го омаловажува, која знае да даде конструктивна критика без навредување е вистински скапоцен камен и зрелиот маж знае да го цени тоа.

Смисла за хумор

Ова е карактеристика која е врвот на приоритети. Жената која знае да го насмее и да го опушти по напорниот ден е вистински погодок. Мажите обожаваат жени кои се смејат на нивните шеги, но воодушевени со кога нивната партнерка ќе знае како да го насмее и да ги натера накратко да заборават на обврските.

Интелигенција и самодоверба

За среќа, се поголем број мажи не се плашат од самоуверени и интелигентни жени и знаат дека заедно можат да бидат моќен пар.

Амбиција и креативност

Партнерката која на нив делува креативно и ги поттикнува за нив е вистински сојузник и добитна комбинација.

Добра девојка со златно срце
Да, вистина е, некои мажи паѓаат на лоши девојки, но кога врската ќе стане сериозна, покрај себе сакаат топла и нежна личност која добро ќе се однесува со нив.

Шарм
Во една епизода во популарната серија „Сејнфилд“, Џери излегуваше со преубава русокоса која со шарм го извлекуваше од непријатни ситуации. Поради шармантните жени, на мажите им е потопло околу срцето.

Добро тело
Иако ретко кој маж ќе признае дека му годи кога му ја меркаат жената, сепак малку се оние кои не се горди на тоа. Мажите сакаат да покажат дека баш тие ја освоиле.

Убаво лице
Тука не се поздразбира класичното убаво лице, туку лице кое на одреден маж му е пријатно и убаво за гледање.

Извор:скопјеинфо

АКЦИЈА