Мијалков: Убеден сум во мојата невиност и секогаш ќе бидам достапен

403

Сашо Мијалков има стан и фирма во Чешка, тоа создава опасност за негово бегство, рече обвинителката Ленче Ристоска на денешната јавна седница во Апелациониот суд каде се разгледуваат жалбите на СЈО за неодредувањето мерка притвор за обвинетите.

На ова, обвинетиот Мијалков истакна дека секогаш се јавувал на повиците на обвинителите од СЈО, кажа и дека се договорил со обвинителката Катица Јанева да се појавува во обвинителството.

– Секогаш одговарав на нивните повици. На повик на Катица Јанева во два наврата менував карти и се враќав предвреме од странство. Јас сум убеден во мојата невиност и секогаш ќе бидам достапен. Давам збор под кривична и материјална одговорност дека ќе бидам достапен за судот – рече Мијалков.

извор:А1он

Loading...