Многу коментари и неверување по синоќешниот земјотрес во Охрид

„Јако“, „Страшно“, „Убаво си здрма“ се дел од коментарите на жителите на Охрид и Косел објавени на страницата на светскиот сервис за евиденција на земјотреси ЕМСЦ, по вчерашниот земјотрес во Охрид во 19.11 часот.

Официјално, овој земјотрес е регистриран дека бил со јачина од 3,1 степен по Рихтерова скала, а епицентарот бил на 5 километри североисточно од Охрид и на 4 километри јужно од Косел. Бил на длабочина од само 1 километар.

Но охриѓани кои веќе се навикнаа на речиси секојдневните земјотреси, велат дека овој, синоќешниот потрес бил многу посилен од 3,1 степен или барем така го почувстувале тие.

„Најмалку 4 степени“ сведочат охриѓани по потресот, кој освен што бил бучен ги стресол добро и нивните домови.

извор:сител

Loading...