Мохамед Салах доби преку милион гласови на претседателските избори во Египет

Повеќе од милион гласачи на египетските претседателски избори ги прецртаа имињата на кандидатите и го впишаа името на фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах.

Според тврдењата на Economist, во изборите кои на крајот ги доби кандидатот Абдел-Фатах ал-Сиси, околу милион гласачи од целата земја ги направиле нивните гласачки ливчиња невачки и под имињата на кандидатите го допишале името на Мохамед Салах.

Абдел-Фатах ал-Сиси ги доби изборите со 92% од гласовите, со што го победи неговиот главен конкурент Муса Мустафа Муса. Сепак, главната тема на разговор беа милион гласачки ливчиња на кои беше испишано името на најдобриот египетски фудбалер, Мохамед Салах.

Овој случај само дополнително ја опишува популарноста на Салах кај неговите сонародници, кои веќе го сметаат за еден од националните херои. Во летото 2017 година тој направи трансфер од Рома во Ливерпул, каде во 30 натпревари во Премиер лигата успеа да постигне 28 гола. Сепак, најголемиот успех за Египет тој го забележа во октомври 2017 година, кога во последната минута од мечот против Конго успеа да постигне гол од пенал со кој ја однесе неговата репрезентација на Светско првенство за првпат по 28 години.

Пред Салах е исклучително тежок крај на сезоната, каде со Ливерпул треба да оди на двомеч со Манчестер Сити во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а во домашната лига пред него е борба за обезбедување пласман во Европа наредната сезона.

Loading...