Момчето со Алпортов синдром се сретна со својот херој Роналдо

462
1

Шеснаесетгодишниот Филип, на кој пред четири години му се урнаа сите надежи дека ќе може професионално да игра фудбал, бидејќи му е дијагностицирана ретка болест Алпортов синдром, вчера во Скопје му се оствари најголемата желба  да се запознае со фудбалската ѕвезда Роналдо.

„Пресреќен е. Филип живее за фудбалот, ама веќе не смее да игра. Му се оствари сонот да го запознае Роналдо и да се фотографира со него“, вели неговата мајка Ана.

Тој заедно со уште 18 деца од училиштето за ученици со оштетен слух „Партение Зографски“, кои денес ќе настапат на свеченото отворање на Супер купот на УЕФА во Скопје, и пред натпреварот Реал Мадрид-Манчестер јунајтед на знаковен јазик ќе ја испејат „Небо полно ѕвезди“ (Sky Full of Stars) од „Колдплеј“, вчера се сретнаа со фудбалерите од овие два клуба пред нивните тренинзи. Средбата со фудбалските ѕвезди беше изненадување за децата, кои УЕФА фондацијата ги избра да настапат на свеченото отворање.

Повеќе прочитајте тука