Морнарицата на Шри Ланка спасуваше слон однесен од морските струи

227
1

Несекојдневна спасувачка операција со часови се одвиваше на североистичниот брег на Шри Ланка.

Припадниците на морнарицата спасија слон, кого силните морски струи го одвлекле 16 километри од брегот.

Крајбрежната стража го забележала животното, како се бори да ја одржи сурлата над површината на водата.

Група нуркачи го врзале со јажиња и со асистенција на два брода го извлекле цицачот на копно.

Слонот најверојатно бил повлечен од силните струи додека се обидувал да мине лагуна која дели два дела од џунгла.

Слоновите во Шри Ланка се сметаат за најблагородни животни, а нивното убиство најголем грев.

Извор:канал5