Мозокот за странски инвестиции и намалување на невработеноста Виктор Мизо си поднесе оставка

1073
1

Директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо и директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов вчера поднеле неотповикливи оставки на функциите, дознава Телма. Владата синоќа ги констатирала нивните оставки и нивните наследници ќе бидат именувани на следната седница.

Вчера владата го започна именувањето и назначувањето на членови на управни и надзорни одбори, како основа за именување нови директори во државните компании и институции. Бидејќи се работи за голем број, околу 1. 500-тини вакви членови, тоа ќе трае неколку владини седници.

Според информациите, Игор Милев ќе биде новиот директор на Царината, а Зоран Георгиев директор на „Македонски шуми“.

Извори за Телма потврдуваат дека србинот Александар Обрадовиќ, кој побара македонско државјанство, нема биде директор на ЕЛЕМ.