Мртва 21 годишна девојка од Србија, завиткана во тепих, најдена во Швајцарија

Полицијта во Швајцарија најде тело во шума, која се утврди дека е 21- годишната Изабела Тодоровиќ со потекло од Србија.

Човекот кој е сопственик на шумата кажал дека видел зелен тепих, а од него се гледало коса, па веднаш сфатил дека се работи за женско тело и повикал полиција.

Очајната мајка, Виолета, е убедена дека нејзината ќерка е убиена, а семејството ја бара Изабела од 3-ти ноември. Тогаш ја добиле последната порака од неа, во која Изабела кажала на својата мајка дека после работа ќе оди на кафе со колегите од работа, па со воз ќе се врати дома.

Инаку тие живееле во Тургау, Швајцарија.

Нејзиното мртво тело е најдено пред една недела а последен пат е видена во Цирих во кафуле со двајца мажи.

Loading...