МУКОСКИ ПРВПАТ ПРОЗБОРЕ ПО 27 АПРИЛ, СДСМ ЈА НАПУШТИ САЛАТА

4611

Веднаш штом почна да зборува пратеникот Крсто Мукоски од една од 10-те пратенички групи на ВМРО ДПМНЕ на собраниската седница во попладневното продолжение, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ја напушти пленарната сала.

„Сè додека Мукоски не одговара за злото што го направи ноќта на 27 април годинава, кога заедно со колегата Сашо Василевски и други сопартијци пратеници, ја отвори вратата да влезат убијци и насилници, или не си поднесе оставка, ние ќе ги бојкотираме неговите настапи”, рекоа пратениците од мнозинството, кои откако заврши да збори Мукоски, се вратија на своите места во пратеничките клупи.

Место до 18 часот седницата денеска траеше до 19 часот. Собранискиот спикер Талат Џафери рече дека за секој час пауза што го бараат 10-те пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, тој ќе го продолжува работното време на седниците.

извор:сдк

Loading...