Мурињо објасни зошто медалот го подарил на трибините на фан на Манчестер јунајтед

2455
„Специјалниот” реши дома да си оди без сребрениот медал од Суперкупот и наместо ново парче во својата колекција, тој израдува фан на трибините на „Филип Втори”

Жозе Мурињо на еден фан му обезбеди убав сувенир од пресметката помеѓу Манчестер јунајтед и Реал Мадрид во Скопје.

Откако „Црвените ѓаволи“ ги добија медалите, Португалецот се упати кон трибините и среброто го подари на едно детенце.

„Понекогаш кога победувам не го задржувам медалот“ – рече Жозе Мурињо на прес конференцијата. „Па можете да замислите како е кога губам“.

„За тоа дете медалот значи многу, ќе биде убав спомен. Се работеше за мало дете во дрес на Манчестер јунајтед, не знам од каде е“.

извор: мкд.мк

Loading...