Муслиманка казнета со 500 евра затоа што пливала со буркини

1161

Нов ксенофобичен скандал ја тресе Франција. Сопственик на туристичка вила решил на своја рака да казни муслиманка која заедно со семејството изнамила соба и пливала во базенот со буркини. Наводно гостите се пожалиле поради нејзиниот костим и сопственикот наредил базенот да биде испразнет и исчистен.

Тој се јавил на сопругот на муслиманката која медиумите ја нарекуваа Фадила и му тврдел дека поради чистењето на базенот кој бил два дена надвор од употреба требало да платат 500 евра.

Секако, семејството одбило да плати, но им бил одземен паричниот депозит во истиот однос, а тие тврдат дека базенот воопшто не бил чистен како што тврди ксенофобичниот сопственик.

Градот Кан го забрани користењето на буркини, вид на костим за капење како бикини но, со традиционален муслимански превез за главата кај жените.

Loading...