МВР Билтен 11.07.2016

533

На 10.07.2017 година, околу 20,40 часот во Скопје, на ул.„Кемал Сејфула“, во аптека „Еурофарм“, откако непознато лице влегло во аптеката, со спреј – солзавец – прснало кон вработената, по што со закана со пиштол извршило разбојништво, одземајќи го дневниот промет и напуштајќи го местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 10.07.2017 година, околу 22,45 часот, во Скопје на бул. “Кочо Рацин“, во Тобако „Корнер“, непознато лице со закана со нож извршило разбојништво над вработената, одземајќи го дневниот промет, по што се дало во бегство. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.И.(23) од с.Дебреше, Гостивар, за сторени пет кривични дела “тешка кражба“, од кои две во обид. Во периодот од 19.12. минатата година до 08 – ми овој месец пријавениот во четири продавници и млечен ресторан, со употреба на погоден предмет, во повеќе наврати делувал на влезните врати, од каде одземал парични средства во износ од околу 20.000 денари, а причинил материjална штета од околу 33.000 денари.

На 10.07.2017 година, во 06,00 часот, во Полициска станица Тетово, 32 годишна жителка на Тетово, пријавила дека на 09.07.2017 година, околу 22,30 часот, на ул. “Илинденска” во Тетово, пред продваницата за овошје, побарала запалка од вработениот Б.Ф.(31) од с.Мала Речица за да запали цигара, на што истиот ја повикал да влезе внатре за да ја земе истата. Откако оштетената влегла внатре, Б.Ф. ја заклучил влезната врата и со закана со скалпер и нож се упатил кон неа, ја удрил во пределот на главата, таа паднала на подот и почнала да вика за помош. Потоа сторителот ја фатил за коса и почнал да ја влече по подот, нанесувајќи и повреди со ножот и скалперот по телото, а потоа извршил обљуба врз неа. На оштетената и е укажана лекарска помош во Клиничка Болница-Тетово, каде се констатирани телесни повреди по телото. Извршен е увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.К.(41) од Куманово за сторено кривично дело “грабнување”. Пријавениот на 01.07.2017 година, околу 21,00 часот, во населбата Пуковско и се приближил од зад грб на М.З.(21) од Куманово, физички ја нападнал удирајќи и тупаница и шлаканица по лицето, по што со закана со нож ја однел во неговата куќа, каде ја заклучил во една од собите, останувајќи заедно се до 24,00 часот, кога ја отклучил вратата и внатре влегол неговиот татко. При тоа настанала меѓусебна тепачка, а тој момент го искористила оштетената, избегала од собата и заминала во својата куќа.

На 10.07.2017 година, во 19,30 часот, А.Б. пријавил дека на православните гробишта во с.Љуботен, од страна на непознати сторители биле оштетени повеќе надгробни плочи. По излегување на местото на настанот било констатирано дека се оштетени 27 гроба. По наредба на Јавен обвинител увид на лице место ќе се врши во текот на денешнниот ден.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.К.(34) од с.Василево за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштење во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 08.07.2017 година, од страна на полициските службеници извршен е претрес во домот на роднина на пријавениот, каде се пронајдени три вреки со непозната растителна материја, дигитална вага и слично. Истиот ден извршен е разговор со пријавениот, кој појаснил дека пронајдената растителна материја претставува опојна дрога „марихуана“ која во октомви 2016 година ја пронашол на земјен пат од с.Тибичино кон с.Варварица.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Г.М.(56) од Струга, управител на цедент ТДТК „Извор“ ДОО с.Извор Кичево, Н.М.(40) од с.Мислешево, ДИИ „Слома инвестор“ ДООЕЛ с.Мороишта Струга и С.М.(50) од Струга, управител во ДПТ „Кимитекс трговија“ Струга за сторени повеќе последователни кривични дела “фалсификување службена исправа“ а во врска со кривичното дело – “соизвршителство“. Во периодот од мај 2014 до мај 2016 година, во повеќе наврати, Г.М. иако знаел дека правното лице ТДТК „Извор“ ДОО од 15.08.2013 година станало неспособно за плаќање, изготвил повеќе договори за отстапување на своите барања-Цесија, без деловоден број, со кој побарувањата од цесусот ДГТТ„Трансмет“ДОО Скопје во износ од 865.678,оо денари ги отстапил во корист на цесионерот ДПТ„Кимитекс трговија ДООЕЛ Струга, во кој откако внесол невистинити податоци за лажно побарување од невоспоставена деловна техничка соработка со ДПТ „Кимитекс трговија“ ДООЕЛ Струга, истиот своерачно го потпишал и заверил со службен печат, по што го доставил до С.М. која во својство на управител на цесионерот своерачно го потпишала и го заверила со службен печат иако знаела дека внесените податоци во договорот се невистинити. На истиот начин, Г.М. изготвил повеќе договори за отстапување на своите побарувања-Цесија, со кој побарувањата од цесусот ДГТТ„Трансмет“ДОО Скопје во износ од 109.069.оо денари ги отстапил во корист на цесионерот ДИИ „Слома инвестор“ ДООЕЛ с.Мороишта Струга, го доставил до Н.М., кој во својство на управител на цесионерот своерачно го потпишал и го заверил со службен печат иако знаел дека внесените податоци во предметниот договор се невистинити.
На 09/10.07.2017 година во времето од 09.00 до 08.00 часот во Гостивар на ул. „Никола Парапунов“, во објект на Исламската верска заедница, непознат сторител извршил тешка кражба во обид. Сторителот насилно го отворил прозорот над влезната врата, влегол внатре, се качил на првиот кат и се обидел насилно да ја отвори влезната блиндор-врата од канцеларијата на финансиската служба, но не успеал. Потоа излегол од објектот, дошол под прозорот од канцеларијата кој бил отворен во положба-кипер, насилно го отворил, влегол во канцеларијата, каде делувал на катанецот од метална каса, која не успеал да ја отвори, по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 10.07.2017 година околу 16.30 часот во Полициска станица Тетово, жител на с.Бозовце пријавил дека во река Темишница атар на с.Брзеница, пронајден бил починат А.А.(79) од Тетово. Истиот бил пријавен за исчезнат на 01.07.2017 година. Од страна на противпожарна екипа наТетово телото на починатото лице е извадено од реката. Увид извршила екипа од СВР-Тетово, а по наредба на Јавен обвинител телото е дадено за обдукција.

На 10.07.2017 година во 16,00 часот во ПС-Неготино, Ј.А.(57) од Неготино, пријавила дека на 09.07.2017 година околу 13,30 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината ќерка Н.Ј.(35). Од страна на полициски службеници од Полициска станица Неготино истата е пронајдена.

На 10.07.2017 година во 08.30 часот на Граничен премин Аеродром, „Александар Велики“- Скопје на влез во Република Македонија, по извршена пасошка контрола и проверка во евиденција констатирано било дека Ф.Ј.(21) од Скопје, кој живее во Австралија е евидентиран во казнената евиденција со мерка апси по наредба од Основен Суд Скопје 1. Истиот е лишен од слобода и предаден на полициски службеници за спровод до Основен Суд Скопје за понатамошна постапка.

Loading...