МВР: Скапи ручеци нарачувале поранешните први луѓе на МВР

1346

МВР: Скапи ручеци нарачувале поранешните први луѓе на МВР
Менија со стек од коњ и бизон, морска риба, бифтек, салати, тирамису, панакота, биле само дел од ручеците и вечерите на сметка на Министерството за внатрешни работи. Кој јадел и пиел луксузни ручеци и скапи пијалоци на државна сметка не се знае.

Но, од МВР на брифинг објаснуваат дека сметките ги порачуваат министерот, неговиот заменик, директорите на БЈБ и УБК и шефот на кабинетот. Во просек една сметка е 30.000 денари, а од државните пари за во еден од неколкуте ресторани каде што најчесто се гостеле поранешните функционери – наплатена е смета и од околу 50.000 денари. Сметките што ги сподели МВР се од 2008 до 2015.

За новото раководство на МВР, некои вечери во рестораните коинцидираат со кумановските настани, Смилковското езеро, исчезнувањето на новинарот Никола Младенов. Документите што ги обелодени МВР и за тие датуми покажуваат сметки од околу 30.000 денари.

Високите функционери кои раководеа со полицијата не плаќале само преку фактура. Тие имале и службени банкарски картички – некои од нив потрошиле повеќе од 2.000.000 денари.

Оливер Спасовски досега не потрошил пари од службената картичка.

Портпаролот на министерството, рече дека обелодениле мал дел од сметките. Ги анализираат и преостанатите трошоци на државна сметка.

Извор:канал5

Loading...