Најдена мртва 27-годишна кумановка во станот на нејзиното момче

1983
1

Вчера во 13:20 часот, во куќа на кумовската улица Браќа Филиповиќ на 28-годишниот Ф.И., била најдена почината неговата девојка 27-годишната М.К. од Куманово.

– Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт, без видливи траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово – информира Министерството за внатрешни работи и додава дека по наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.