Најдовски: Се распадна коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

1694
1

Според Деловникот на собрание покрај секоја пратеничка група треба да стои на која партија, коалиција или независни пратеници припаѓа. Една партија може да има една пратеничка група. Според тоа треба секоја пратеничка група да се дефинира (именува).

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ може да се вика само една од пратеничките групи додека од другите треба да се побара да се идентификуваат и така да се претставуваат. На пример во јавноста да се каже пратеничката група на Антонио Милошевски, или пратеничка група на Панчо Минов.

Собранието треба да ја информира јавноста дека се распадна коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и дека ВМРО-ДПМНЕ има внатрешни делби и се подели на повеќе пратенички групи и тоа на оние кои останаа во ВМРО-ДПМНЕ и други кои станаа независни пратеници.

(Статус на Фејсбук на Слободан Најдовски, поранешен потпретседател на Собранието)

извор:бриф