Најголемиот базен во светот: Поголем е од 9 фудбалски игралишта! (видео)

1212
1

Туристите кои го посетуваат Чиле, во Јужна Америка не пропуштаат да го видат најголемиот базен на светот Кристал лагун, кој се наоѓа во одморалиштето Сан Алфонсо дел Мар.

Кристал Лагун се простира на 80.000 квадратни метри и е поголем од девет фусбалски игралишта. Базенот се полни со вода од Тихиот Океан, која пред тоа се филтрира. Во некои делови базенот е длабок и до 35 метри.

Околу него има вештачки плажи со бројни кафулиња, ресторани и други забавни содржини.

Овој луксузен базен не е отворен за сите посетители. Во него може да уживаат само оние со длабок џеб кои одмор ќе платат во хотелот на одморалиштето Сан Алфонсо дел Мар, оддалечено стотина километри од главниот град на Чиле.

Базенот е изграден лани, а за неговата изградба компанијата Crystal Lagoons даде околу 2 милијарди долари. Само за одржување на базенот, минатата година платиле 4 милиони долари.

извор:канал5

Loading...