Најлесен начин како да се справите со анксиозноста, депресијата и негативните мисли

706

Цвеќе на страста (Passion flower) или пасифлора ѝ припаѓа на фамилијата на брзо растечки лози, а најчесто се наоѓа низ пределите на Американскиот континент, но и во некои делови на југоисточна Азија или Австралија. Долга е историјата на употреба на Passiflora incarnata во различни предели на светот поради нејзините терапевтсвки способности.

Во Европа, долго време се ценела како ефективен третман за нервоза и вознемиреност, анксиозност и несоница. Во Северна Америка традиционално се варела како чај поради нејзините седативни и ефекти кои го помагаат заспивањето. Бразилците традиционално го употребуваат како вормицид, антиспазматик и во третманите против астма и алергии.

Многу други култури го користеле при лекување на хистерија, епилепсија, неуралгија и при зависности од опијати. И иако во денешно време е најдобро позната по своите способности да го смири умот, пасифлората содржи и благи аналгетички својства и може да се употребува и за ублажување на болка.

Во последните неколку години забележлив е раст на научните истражувања поврзани со ефикасноста и ефективноста на пасифлората кои особено се насочени кон нејзините седативни и анти-анксиозни потенцијали, и иако некои од овие студии се релативно мали, сепак многу од резултатите навистина ветуваат.

Придобивките од користењето на пасифлората

Анти-анксиозно дејство

Способноста за смирување која ја поседува пасифлората се сведува на процес кој го зголемува испуштањето на еден мозочен неуротрансмитер кој го стимулира ослободувањето на хемикалијата наречена ГАБА (гама аминобутиринската киселина) која е позната по тоа што ја намалува анксиозноста и го подобрува расположението. Тука вреди да се спомне дека ГАБА, исто така помага да се релаксираат мускулите, а токму поради тоа пасифлората се користи и во случаи на епилепсија и други напади.

Спроведени се неколку истражувања за потенцијалите на пасифлората да ја ублажи и намали анксиозноста вклучително и една студија објавена во 2008 која посебно се осврнува и го разгледува сресот кој се јавува пред оперативниот зафати. 90 минути пред операција на 60 пациенти им биле дадени или 500мг екстракт од пасифлора или пласибо. Кога нивоата на анксиозност биле мерени во интервали кои полека воделе кон операцијата, оние пациенти на кои им бил даден екстракт од пасифлора покажале значајно помали симптоми на вознемиреност за разлика од групата на која  било дадено пласибо. Истражувачите заклучиле дека екстрактот од пасифлора ја намалил анксиозноста без ризик од поттикнување на зголемена седиментација.

Една друга студија која се фокусирала на анксиозноста на пациентите пред да бидат подложени на дентална операција се чини дека ги потврдува претходните откритија и заклучоци. 63 пациенти кои доживеале варирачки нивоа на анксиозност биле поделени во 3 групи и им биле дадени капки од пасифлора, пласибо или воопшто не добиле ништо.

Резултатите покажале дека оние на кои им била дадена пасифлора пред да подлегнат на дентална операција доживеале значително намалување на анксиозноста во споредба со другите две групи. Иако истражувачите ја потенцирале потребата од поголеми и подетални студии во иднина, сето ова се потенцијално одлични вести за многуте луѓе кои доживуваат напади на паника дури и при самата помисла на столчето во стоматолошката ординација.

Депресија

Пасифлората традиционално се користи и како антидепресив, а неодамнешните истражувања покажуват дека навистина функционира кога ќе се комбинира со кантарионот и ќе ги засили и подобри и ефектите од него. Една студија објавена во 2011 година го проучувала комбинираниот ефект на кантарионот и пасифлората а резултатите покажале дека пасифлората во голема и значителна мера ги засилува антидепресивните ефекти на кантарионот.

Менопауза

Фактот дека пасифлората ја ублажува анксиозноста и депресијата а го подобрува и сонот ја прави да биде особено корисна во ублажувањето на некои чести симптоми кои се јавуваат кај жени кои навлегуваат во менопауза. Ниските нивоа на естроген можат да предизвикаат најразлични мачни состојби.

Типично, мачнините поврзани со менопаузата вклучуваат депресија, анксиозност, проблеми со спиењето и главоболки. Едно истражување покажало дека овие симптоми може да бидат значително намалени доколку се користат додатоци во исхрана со пасифлора. Екстрактот од пасифлората е корисна алтернативна – замена за хормонската терапија и може да ублажи голем број од сиптомите во кои се вклучени и депресијата, раздразливоста, главоболките и несоницата.

Несоница

Пасифлората долго време се користела за подобрување на квалитетот на сонот и спиењето како многу корисно оружје во борбата со несоницата. Голем број на тестирања врз животни го потврдиле нејзиниот потенцијал, но сè до 2011 година сето тоа не било тестирано и врз човечки субјекти.

Една студија објавена од „Фитотерапевтски истражувања“ била насочена кон проучување на ефектите од суплиментите со пасифлора врз нарушувањата на сонот и спиењето. Биле вклучени 41 испитаник и на секој од нив му бил даден или пласибо или пасифлора чај во текот на 7 дена. Испитаниците биле замолени да го анализираат квалитетот на нивниот сон. Истражувачите заклучиле дека пасифлората која во телото се внесува во мали дози во форма на чај резултира со подобар и поквалитетен сон барем во краток рок.

Крвен притисок

Според истражувањата кои биле спроведени врз животни, суплиментите на база на ексктракт од пасифлора можат да предизвикаат намалувања на крвниот притисок. Една студија објавена во 2013 открива дека екстрактот од пасифлората во дози од 50мгс на килограм телесна маса значително го намалува крвниот притисок.

Истражувачите веруваат дека намалувањето на крвниот притисок е резултат на антиоксидантските компоненти кои се застапени во пасифлората наречени едулилна киселина.

Чирови

Уште едно истражување спроведено врз животни покажало дека еден друг вид на пасифлора наречен Passifloraceae може да помогне во третманот на чировите кои се резултат на алкохол и аспирин. Освен оваа способност да ги ублажува чировите, истражувачите откриле дека пасифлората има одличен антиоксидантски потенцијал и препорачуваат понатамошни истражувања во иднина.

извор:скопјеинфо

Loading...