Најлуксузни топ 5 модели во историјата на Mercedes (ВИДЕО)

Од Mercedes 540 K до современиот Mercedes-Maybach S650 Cabriolet, погледнете ги топ 5 најлуксузните модели во историјата на Mercedes.

Германскиот произведувач во рамките на YouTube серијалот „Best of Benz“ направил избор од 5 најлуксузни автомобили од својата историја. Изборот е секако интересен, иако многумина веројатно нема да се сложат со него.

На 5 место на оваа листа се најде лимузината Mercedes 540 K, која се произведуваше во периодот од 1935 до 1940 година. Под долгата хауба се наоѓал 5.4 литарски мотор со 8 по ред поставени цилиндари и 2 карбуратори, со за тоа време моќни 118 коњски сили (86 KW).

Позицијата 4 ја зазема современиот Mercedes-Maybach G650 Landaulet, ултимативно теренско возило базирано на претходната генерација на G класата. Овој модел изработен е во само 99 примероци, а може да се опише како мешавина од G I S класа.

За погон е употребен V12 би-турбо мотор со 630 ks (463 kW).

Третото место му припаѓа на ексклузивниот Mercedes S600 од 1959 година, во кој се возеле најбогатите луѓе на планетата, но и најзначајните политичари од тој период и членови на различни династии.

Позицијата број 2 му припаднала на моделот S650 Cabriolet. Овој автомобил е во самиот врв на најлуксузни автомобили со отворен кров.

На 1 место на оваа кратка листа е легендарниот Mercedes-Benz 300 SLR Uhlenhaut Coupé, кој е еден од најексклузивните модели во автомобилската историја – направен во само 2 примероци.

Овој Mercedes од средината на 1950-тите, години развиваше за тоа време фантаситчни 290 километри на час, а половина век подоцна послужи како инспирација за уште еден славен модел – Mercedes SLR McLaren од 2003 година.

Погледнете го видеото, а во коментар можете да ги наброите и вашите топ 5 модели на Mercedes:

Loading...