Најмалку 22 загинати во самоубиствен напад во пакистанскиот град Лахоре

Најмалку 22 лица загинаа, а 35 се повредени во денешниот самоубиствен напад извршен на пазар за овошје во пакистанскиот град Лахоре.

Одговорноста за нападот ја презеде екстремистичката група Тарик-е-талибан.

Според полицијата бомбашот-самоубиец со мотор пристигнал на пазарот и го активирал експлозивот во близина на полицијата, која обезбедувале уривање на зграда.

Меѓу жртвите најголем е бројот на полицајци.

извор:либертас

Loading...