НАЈМАРИФЕТНАТА ТИКВЕШАНКА СЕ СЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА

2474

Весна Јаневска од Росоман, една од најмарифетните тиквешанки, бара начин да замине од државава. Жената што во услови кога немаше постојана работа сиве изминати години правеше напори од ништо да направи нешто, па готвеше ајвар и најразлична друга зимница за пари и ја продаваше на познатиот росомански пазар, разочарано вели дека апицирала за бугарски пасош и на курс учи германски јазик.

„Многу убави идеи и соништа имав, но за жал, во годините што минаа не наидов на позитивна клима која ќе направи луѓето овде да ги реализираат своите замисли. А толку многу се трудев да успеам, а и на младите да им всадам љубов за да останат тука и овде да ја градат својата иднина. Постојано повторував дека нема зима за тој што знае и сака да работи и создава. Дека и во земјава има златни рипки, што се вели, само треба да се фатат. Ми се чини дека немаше поголем борец од мене. Ги пробав сите можни варијанти. Ајварот, кој на многу домаќинки им е мачен и тежок да го подготват само за своите семејства, го правев со килограми и килограми. Денови и денови минав крај врелите ќумбиња. Се печев заедно со пиперките на огнот, мрзнев на пазарот додека ги продавав теглите зимница. Секоја тегла си има своја приказна“, вели Јаневска, која е една од ретките кои го негуваат традиционаното производство на слатко од тиква со грозје во Тиквешко познато како рачели, слатко од млади оревчиња, слатко од цветови од трендафил и други деликатеси.

За сиот изминат период таа се соочуваше и со најразлични други проблеми, меѓу кои и инспекции на пазарот на регионалниот пат Градско-Прилеп, па беше принудена да формира и здружение за да може слободно да ја продава зимницата во чие производство како што вели, вложува многу време и љубов.

целиот текст можете тука.

Loading...