На ГП „Богородица“ нема подолги задржувања

106

Чекањето на нашиот најфреквентен граничен премин „Богородица“ утрово е сведено на десетина до 15 минути колку што се потребни за задолжителните формалности, пред се за проверка на патните документи, информираа од дежурната служба на граничната полиција.

Моментно на ГП „Богородица“ нема метеж како за време на продолжени викенди и преминувањето на границата од нашата страна се врши многу брзо. Колоната на возила не е долга, поточно до пред граничната рампа или платото на казиното „Фламинго“ кое се наоѓа на стотина метри од граничниот премин.

Од дежурната служба на граничната полиција велат дека налетот на возилата во бранови е непредвидлив, но и тоа дека од утрово се е нормално за летна сезона и нема задржување на нашата граница за влез во Грција.

Слична е сотојбата и на граничниот премин „Дојран“, каде чекањето за влез во Грција е десетина минути. Дали до пладне ќе дојде до интензивирање на сообраќајот никој не може да предвиди, но со оглед дека утрото поминува без проблеми, и во текот на денов не се очекува поголем застој од вообичаениот.

извор:скопјенфо

Loading...