На Македонец му го украдоа автомобилот – внимавајте ако одите овде на одмор

788

Кражбите на автомобили во зоната на плажи во албанскиот прстанишен град Драч, станува загрижувачка појава, за оние кои одлучиле летниот одмор да го минат токму во овој град.

Оваа констатација ја пренесува тиранската телевизија Топ чанел, посочувајќи дека се украдени пет автомобили ,меѓу нив еден сопственост на македонски државјанин.

Бујар е Албанец од Македонија. Автомобилот на неговиот татко е украден од пред зградата каде што бил сместен, наведува телевизијата.

– Во 10 часот наутро констатиравме дека возилото не е тука. Случајот го пријавивме во полицијата, но немаме никаква повратна информација. Од крадците на автомобилот нема никаква трага бидејќи на плажите и пошироката околина нема камери и полицијата вели дека нема што да прави, вели Бујар.

Станува збор за автомобили марка „БМВ“ и „Мерцедес“.Оштетените се жалат дека полицијата недоволно се ангажира за решавање на проблемот.

Украдените возила, според телевизјата, откако ќе им се смени бројот на шасија, се препродаваат во некоја земја од регионот или завршуваат за размена во многуте сервиси кои постојат во земјата.

извор:пресс24

Loading...