Наместо фудбал, на плоштад се гледаа реклами – Фото

Плоштадот „Македонија“ беше местото каде што се упатија фудбалските фанови во Скопје кои што не успеаја да набават билет за натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид и се надеваа дека на големиот видео бим ќе го следат натпреварот од Суперкупот.

Меѓутоа, фан зоната на скопскиот плоштад се затвори во 19 часот и сите кои се надеваа дека ќе го следат мечот во живо на плоштад, останаа разочарани.

Како што дознава „А1он“ причината поради која на видео бимот, кој е во приватна сопственост, не се емитува натпреварот е тоа што бил откупен од позната приватна компанија пред три недели.

– Дојдовме тука затоа што мислеме дека натпреварот ќе се следи и од плоштадот. Многу се разочаравме. Во околните кафулиња нема слободно место, па мора да стоиме однадвор и да ѕиркаме во телевизорите, се пожали еден од присутните.

извор: а1он

Loading...