Наместо живот, СДСМ најавува блокирање на сметки, извршители и присилна наплата

1231

СДС во март месец говореше дека ако имало влада, граѓаните немало да плаќаат радиодифузна такса. Тоа го зборуваат и Дамјан Манчевски и Радмила Шекеринска. Денес сме јули месец, а СДСМ не само што не ја укина радиодифузната такса туку и најавува блокирање на сметките и присилна наплата.

Денес, на официјалната страна на УЈП – институција која е предводена од висок кадар на СДСМ излезе официјално соопштение дека Граѓаните и фирмите кои имаат неплатена Радиодифузна такса до 30.06.2017 година, да извршат плаќање на долговите во најкусо време, бидејќи Управата за јавни приходи ќе отпочне со постапки за присилна наплата.

На социјалните мрежи врие и се зголемува револтот од најавеното блокирање на сметките. Граѓаните прашуваат дали живот значи блокирани сметки и извршители. Дали СДСМ на изборите победи за да ги заплашува граѓаните и да удира по нивниот џеб. Најлгасни се земјоделците кои што велат дека во услови кога откупот на земјоделските производи се одвива тешко, голем дел од субвенциите сеуште не се исплатени страшно е да се најавува блокирање на сметки, казни и камати.  Како ќе се преживее и што ќе се јаде до крајот на годината прашуваат тие?

Инаку, од неодамна Управата за јавни приходи која што во моментов го бутка проектот за блокирање на сметките и присилна наплата има нов директор. На местото на досегашната Анастасија Илиеска седна Сања Лукаревска – висок функционер на СДСМ и дел од Шарената револуција што дополнително говори за фактот дека зад идејата на за присилна наплата се кријат политики на СДСМ кои значат страв, а не живот за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка, преку поднесување предлог-закони побара зголемување на платите на администрацијата за 5% и измени на Законот за медиуми со цел укинување на радиодифузната такса, информираше пред неколку пратеникот Илија Димовски на прес-конференција во Собранието.

извор:курир

Loading...