Напаѓач со нож повреди туристи на плажа

611

Непознат напаѓач со нож рани шест странски туристи во популарното египетско одморалиште Хургада.

Напаѓачот бил приведен на сослушување за да се утврдат мотивите за нападот.

„Ројтерс“, пак, пренесува дека двајца украински туристи им подлегнале на повредите.

Министерството за внатрешни работи на Египет засега не објави информации за смртни случаи.

Loading...