Напад во Хамбург, има мртви и ранети!!

2817

Вооружен напаѓач во еден супер маркет во Хамбург со нож уби најмалку едно лице, а повеќе луѓе се ранети. Напаѓачот за време на нападот извикувал „Алах екбер“.

Веднаш по нападот наводно полицијата го уапсила напаѓачот.

Германскиот „Билд“ пренесе дека луѓето во супермаркетот биле бодени со нож, и дека полицијата ги утврдува причините за нападот.

На социјалните мрежи веќе се појави фотографија од наводниот напаѓач.

Веднаш по инцидентот полицијата упати предупредување до граѓаните на Хамбург да не му се приближуваат на местото на инцидентот кој се случил во квартот Бармбек.

Инаку полицијата стигнала до напаѓачот со помош на граѓани кои го следеле вооружениот човек и и јавиле на полицијата , која го уапсила во непосредна близина на супермаркетот.

Според дел од медиумите можно е напаѓачот да не бил терорист туку разбојник крадец.

Инаку нападот се случи во трговскиот синџир Едек еден од најголемите во германија.

извор:канал5

Loading...