Навивачи на Манчестер Јунајтед оставиле писмо – Еве што напишале за Скопје

9605

Четворица навивачи на Манчестер Јунајтед кои за време на наптреварот во рамките на Супер Купот престојуваа во Скопје оставија писмо на својата домаќинка која им го изнајми својот стан.

Еве што пишувало во писмото:

„Ви благодариме за Вашата гостопримливост. Многу ни се допадна Вашиот стан, но и Скопје. Жал ни е што моравме да останеме толку кратко, но се надеваме дека некогаш повторно ќе се вратиме тука. Со љубов„.

Изминативе неколку дена Скопје, но и цела Македонија на дело докажа дека е гостопримлива земја и дека може да се носи рамо до рамо со европските и светските метрополи и земји. Нека овој голем спортски настан ни послужи како пример дека треба да вложуваме повеќе во развојот на туризмот и дека само со отвореност и интеграција можеме да ги покажеме вистинските убавини кои земјава ги има, но и да заработиме за да ја подобриме економијата за сите граѓани.

извор:готви.мк

Loading...