Не ги принудувајте децата да се извинуваат – така им правите поголема штета отколку корист

112

Кога вашето дете ќе направи нешто погрешно или ќе се скара со друго дете, сосема логично вие му велите да се извини. Во светот на возрасните, извинувањето е секојдневие, но што значи создавање на ваква навика кај децата?

Дел од психолозите сметаат дека децата не треба да ги принудувате да се извинуваат, бидејќи тоа има многу повеќе лош ефект отколку добар.

Децата многу често и не можат да сфатат зошто треба да се извинат, па тоа го прават многу неуверливо.

Лаура Маркхам, детски психолог, принудувањето на децата да се извинат е целосно во спротивност со тоа што тие го чувствуваат.

Односно, кога детето ќе се скара со свое другарче, вие му велите да се извини, но во тој момент тоа не чувствува причина зошто да го направи тоа, па станува уште повеќе вознемирено.

Исто така, детето од другата страна на кое му се извинува, станува свесно дека неговото другарче не се извинува искрено и дека тоа го прави само затоа што така му рекле родителите.

Всушност, бидејќи извинувањето доаѓа само за да се исполни правилото, детето станува свесно дека мора да излаже.

Како сепак да се научи детето дека извинувањето е добро и важно за пријателството?

Учете го детето да комунцира отворено

Детето уште мало треба да го научите дека треба искрено да говори и да ги покажува своите емоции и желби, и дека и другите деца имаат исто така свои желби, па тоа треба да ги ислуша и нив. Така поретко ќе доаѓа до конфликт и децата ќе можат сами да ги решат своите несогласувања.

Причекајте да му пројде лутината

Оставете да пројде малку време откако детето ќе се скара со своето другарче и потоа отворено разговарајте со него за проблемот. Низ разговор дозволете му само да сфати каде погрешило и извинувањето само ќе дојде.

Поттикнете ги самите да ги решат проблемите

Обидете се да избегнувате ситуации во кои вие ќе ги решавате проблемите меѓу вашето дете и другарчињата. Кажете им дека тоа е нивно другарче и дека тие заедно ќе мора да најдат начин да се смират. Така ќе го наведете детето да размислува и да се почувствува способно за само да ја поправи својата грешка.

Учете ги со свој пример

Некогаш се случува да направите и вие нешто погрешно, па слободно искористете го моментот за да му дадете пример на своето дете. Извинете се онаму каде што сте погрешиле, па дури и нему ако во некој момент сметате дека е потребно. Запомнете дека детето учи најмногу од примерите на родителите.

hybread

Loading...