Нетковски: Не сум осуден за никакво кривично дело, Република, Курир и Инфомакс да се извинат

7

Кандидатот за директор на Клиниката за уво нос и грло, Јане Нетковски ги демантира обвинувањата за него објавени во “Република“ со наслов: “450 евра за Јането: Новиот директор на уво нос и грло познат митаџија“, а пренесени во порталите Курир и Инфомакс. Тој во дописот до нив бара извинување за објавените невистини, во спротивно се закани со тужба.

-Во врска со вака објавената содржина, сакам да истакнам дека станува збор за целосна невистина и клевета изнесена од Ваша страна и со истата се нарушува мојот углед како лекар и како личност, затоа што не постои правосилна судска пресуда со која сум осуден за било какво кривично дело.

Предвид наведеното барам од Вас да веднаш објавите демант и извинување на ист начин и на исто место како што е објавена и невистинитата содржина. Во спротивно против Вас ќе поведам судска постапка за одговорност за изнесените клевети.
Во прилог ви доставувам одлука на јавното обвинителство со кое се запира постапката поведена против мене, наведува Нетковски во демантот до наведените портали.

Во доставената одлука од Јавното обвинителство пишува дека Нетковски не примал поткуп и дека кај него не е пронајдено никакво кривично дело.

“Според прибавените материјални и вербални докази во текот на истрагата не се утврди дека во дејствијата на Нетковски се содржани битни елементи на кривично дело-примање поткуп ниту било кое друго кривично дело за кое се гони по службена должност“, пишува во решението на Јавното обвинителство, кога беше запрена истражната постапка против Јане Нетковски.

Република со цел да го нападне премиерот Зоран Заев при објавувањето на списокот на идните директори на клиники на кои е и Јане Нетковски, напиша:

“Директор на Универзитетската клиника за уво, нос и грло, Јане Нетковски, ѝ е познат и на пошироката јавност како докажан хирург-митаџија. Иако Заев верува дека рибата смрди од опашката, практиката на СДСМ ја докажува вистинитоста на поговорката, но онака како што навистина гласи – рибата смрди од главата. Затоа не е ни чудно што на раководни позиции партијата на чиешто чело е Заев поставува докажани митаџии. Евро за Вицето – 450 за Јането“.

извор:народенглас

Loading...