Невреме во БиХ, Хрватска и Словенија

439

Западните делови на Балканскиот Полуостров вчера беа зафатени од невреме проследено со пад на високите температури, пороен дожд, а на места и град.

Во Сараево во доцните попладневни часови падна силен дожд, а подрачјето на Бугојно го погоди невреме проследено со град. Локалните медиуми јавуваат дека на подрачјето на Бугојно паѓал град со големина на орев и дека е предизвикана голема штета на земјоделските култури.

Поројни дождови се забележани и во другите делови на Босна и Херцеговина, а засега нема извештаи за евентуална штета. Метеоролозите во БиХ најавуваат големи жештини и во наредните денови, а посериозно заладување се очекува кон крајот на неделата.

Во Загреб врнеше дожд, а температурата вчера во 20 часот изнесуваше 21,5 степен.

Одредени делови од Словенија беа погодени од град, проследен со силни ветрови.

извор:макфакс

Loading...