НЕВРЕМЕ ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА: Град со големина на лешник паѓаше во кичевско (ФОТО)

Намалување на температурите, врнежи и град попладнево го зафатија западниот дел на Македонија.

Од фотографиите кои ги добивме од гледачи на ТВНОВА може да се забележи дека градот што паѓа во кичевско е со големина на лешник.

Од УХМР претходно најавија краткотраен дожд со грмежи, особено во јужните делови од земјата.

До петок ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Македонија ќе биде во портокалова фаза во однос на опасноста од високи температури.

Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе биде висока.

Преку ноќта кон недела се очекуваат врнежи од дожд проследени со ретки грмежи.

Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали и се очекува да достигне од 25 до 32 степена.

Loading...