Никогаш повеќе нема да имате мравки дома: Трик од 10 денари ќе ве спаси

6014
1

Сите знаеме колку здодевни знаат да бидат мравките и колку главоболки можат да ни создадат кога ќе ги видиме во домот. Ви нудиме генијални и евтини трикови како засекогаш да му кажете збогум на овој проблем.

ЦИМЕТ

Мравките не сакаат цимет, па веднаш ќе избегаат од него. Лоцирајте го местото од каде ви доаѓаат мравките, и проблемот ќе го снема, кога ќе ставите малку цимет на местото.

КРАСТАВИЦА

Кората на краставицата е природен отров за мравките. Оставете ја таму од каде гледате дека излегуваат или каде што се собираат и нема да имате веќе мака.

СОДА И ШЕЌЕР

Последната опција да кажете збогум на проблемот со мравките, особено во периодот на горештини кој ни претстои е сода со шеќер. Помешајте ги во ист сооднос и ставете ја смесата на местото од каде излегуваат мравките во домот.

Ова се три генијални, лесни, брзи и пред се евтини начини а немате мравки во домот, достапни за сечијџеб.