Новата директорка на УЈП најави голема даночна реформа

1360

-Управата за јавни приходи како државна институција ја враќа својата улога како сервис на граѓаните и фирмите. Една од позитивните промени кои се очекуваат да ги донесе новиот систем е укинувањето на Годишните извештаи за ПДД и воведување на електронска услуга е-ППД преку која граѓаните и фирмите ќе можат тековно да вршат пријавување, пресметка и плаќање на персоналниот данок по одбивка, изјави на денешната прес конференција, директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

-Втората фаза е издавање на предпополнета Годишна даночна пријава по електронски пат, односно УЈП да ги пополнува пријавите, а граѓаните само да ги верификуваат податоците. Реформите во даночниот систем се неопходни, од една страна заради приближување до најдобрите даночни практики, но и исполнување на долгогодишните барања на сметководителите и обврзниците, и од друга страна заради подобрување на услугите на даночната администрација, додаде Лукаревска.

извор:бриф

Loading...