НОВАТА ШКОДА ПРИСТИГНА ДОМА: Ристе Ристески си дојде со новиот автомобил, а бојата пријатно ќе ве изненади!

1364

Откако ги заврши првите обврски кон продукцијата „Гранд“ и одговори на поканите на многубројните регионални медиуми со гостувања, Ристе Ристески конечно одвои слободно време за да го земе од салон својот нов автомобил.

Сепак, иако на промоцијата Ристе позираше со автомобил во бела боја украсен со црвени бакнежи, тој во Македонија пристигна со црвена убавица марка Шкода Рапид.

Дали Ристески сам инсистирал автомобилот да биде во „жешка“ боја или тоа е избор на спонзорот, останува наскоро да дознаеме, но она што е најважно е дека продукцијата „Гранд“ го исполни своето ветување и на нашиот победник му испорача „вистинска убавица“.

извор:репортер

Loading...