Новата Влада смета дека е во ред да се набавува морска храна додека народот мира за леб?

700

Информацијата дека Владата на Република Македонија објавила „расипнички“ оглас за набавка свежа риба, замрзната риба, октоподи и морски плодови во вредност од 400.000 денари се тенденциозни и без соодветно и неопходно објаснување, реагираа од Владата на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за расипничко трошење.

-Од Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, соопштуваат дека се работи за годишна набавка за потребите на кабинетот на Претседателот на државата, на Собранието на Република Македонија, на Владата на Република Македонија, на Клубот на пратениците, на претседателската вилата на Водно, како и за потребите на државните вили во Охрид. Оваа набавка е вообичаена пракса и низ годините наназад, и служи за свечените приеми на странските делегации и гости во текот на цела година, се вели во демантот на Владата на Република Македонија.

Loading...