НОВИ ДИРЕКТОРИ НА УШТЕ ОСУМ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ

2076
1

Кадровските смени во здравството ќе бидат заокружени оваа недела со уште шест до осум назначувања нови директори на клиники и здравствени домови. Се очекува Клиниката за трансфузиологија да добие нов раководител, а некои од актуелните директори ќе ги задржат своите позиции, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

– Уште не можам точно да кажам. Меѓутоа, веќе размислуваме за одредени директори кои ќе останат. Можеби ќе бидат во периферијата, можеби во Клиничкиот центар. Сè уште правиме консултации – додаде Таравари.

Loading...