Нови истражувања покажале дека жените чуваат ДНК од сите мажи со коишто имале секс

1628
1

Според една нова студија спроведена на Универзитетот во Сиетл и Истражувачкиот центар за канцер Фред Хачинсон, изгледа дека жените задржуваат и носат ДНК од секој маж со кој имале сексуален однос. Научниците сосема случајно ги откриле изненадувачките резултати, додека се обидувале да откријат дали жените што биле бремени со машко дете имаат поголема предиспозиција за одредени невролошки болести што најчесто се појавуваат кај мажите.

Како што научниците го истражувале женскиот мозок, така нивната студија почнала да се шири и да бега од првичната цел. Тие почнале да откриваат дека женскиот мозок е многу помистериозен одошто претходно се верувало. Студијата открила дека женскиот мозок најчесто содржи „машки микрохимеризми“ или со други зборови, присуство на машка ДНК што потекнува од друга индивидуа и генетски се разликува од клетките што се содржат во самата жена.

Според студијата, 63% од жените (37 од 59) имале машки микрохимеризми во мозокот. Тие биле присутни во повеќе региони. Тоа значи дека жените носеле машки ДНК клетки што живееле во нивниот мозок. Следниот чекор бил да се докаже од каде дошла оваа ДНК. Можете да погодите?

Првата претпоставка била дека најверојатно оваа ДНК се задржала во женскиот мозок преку бременоста со машко дете. Но, тоа е далеку од вистината. Откако биле направени аутопсии на жени што никогаш не биле бремени, или пак, не родиле машко дете, машката ДНК повторно била присутна во нивните мозоци.

Со дополнителни истражувања, научниците успеале да направат листа на можни извори преку кои се насобираат живи клетки од машка ДНК во мозоците на жените:

  • од абортус за кој жената не била свесна
  • од исчезнат брат близнак
  • од постар брат префрлен преку мајчинска циркулација
  • сексуален однос

Со оглед на тоа што 64% од жените имале машка ДНК во нивните мозоци, научниците заклучиле дека првите три опции можат да се однесуваат на многу помал процент жени. Но четвртата опција – таа е најчестата причина за овој феномен!

Ова е нешто што секоја жена треба да го знае. Преку спермата на мажите, тие стануваат жив дел од вас до крајот на животот. Некои од жените на кои била направена аутопсија за оваа студија биле постари и се заклучило дека имале жива машка ДНК во нив, постара од 50 години.

Спермата е жива. Таа е составена од живи клетки. Кога ќе влезе во вас, таа плива и плива сè додека не се судри со ѕид, каде што се закачува и потоа навлегува уште подлабоко. Ако е во вашата уста, плива и се искачува низ назалните патишта, внатрешното уво и зад очите. Потоа навлегува во крвниот систем и се насобира во мозокот и ‘рбетот.

Ова е знак дека само што почнува да го разбираме сексуалниот однос и начинот на кој ни влијае…

извор:скопје24