До крајот на годината уште 4 неработни денови

418
1

Осми декември, Св. Климент Охридски е последниот неработен ден за сите граѓани. Добро е што овој ден се паѓа во петок па ќе отвори можност за продолжен викенд и мала оддишка од работните обврски.

До крајот на годината, неработен ден имаат граѓаните од албанско етничко потекло кои на 22 ноември, во среда ќе го слават Денот на Албанската азбука, додека 21 декември, четврток е неработен за граѓаните Турци кои го слават Денот на наставата на турски јазик.

На 25 декември продолжен викенд ќе имаат и сограѓаните католици бидејќи тогаш, тие го празнуваат католичкиот Божиќ.