Објавено видеото од убиството на рускиот борач Јуриј Власко (Вознемирувачко видео)

6673

Снимката од последните моменти од животот на рускиот борач Јуриj Власко објавен е на социјалните мрежи. Власко е убиен кон крајот на јули во Буратија.

На снимката се гледа како еден од напаѓачите го прободува Власко во градите.

Кога борачот паднал на земја, друг напаѓач му пришол и го удрил неколку пати по глава, а двајцата напаѓачи кои имаат криминални досиеја, продолжиле да го удираат Власко.

Напаѓачите се уапсени и се соочуваат со потенцијални доживотни казни.

До судирот дошло кога Власко со пријателите го посетил Бајкалското езеро во текот на турнирот во борење во престолнината на Буратија, Улан-Уде.

Власко на тој турнир освоил злато. Погребан е во понеделникот во Ос, каде што е роден, пишува „Раша тудеј“.

извор:канал5

Loading...