Од недела заладување, до…

Краткотраен дожд со грмежи, особено во јужните делови од земјата се очекува денес и утре во попладневните часови, најави УХМР.

До петок ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Македонија ќе биде во портокалова фаза во однос на опасноста од високи температури.

Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе биде висока.

Преку ноќта кон недела се очекуваат врнежи од дожд проследени со ретки грмежи.

Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали и се очекува да достигне од 25 до 32 степена. /МИА

Loading...