vesti24.mk
ЗДРАВЈЕ ТЕХНОЛОГИЈА

Одличен изум: Паметна четка за заби ќе спасува животи!

ECA

Шпански научници работат на развој на паметна четка за заби која ќе биде во состојба да детектира разни знаци на одредени здравствени проблеми и на крајот ќе може да спречи смрт од срцеви заболувања.

Тимот на научници разви паметна четка за заби која што ќе собира податоци од плунката и прецизно ќе детектира промени во организмот кои што ќе упатуваат на потенцијални срцеви заболувања.

Кардиологот Алваро Марко Дел Кастиљо кој што соработува со тимот на научници, за “Times” изјави: „Со информациите за бројот на отчукувања на срцето, крвниот притисок и биолошките примероци од плунката ќе може да се спречи развојот на опасни болести и ќе им се помогне на пациентите да водат поголема сметка за своето здравје“.

„На овој проект соработувам со една од водечките технолошки компании. Засега технички и дизајнерски четката е завршена, но сепак ја чуваме во тајност се додека сите детали не бидат совршени“, изјави шпанскиот кардиолог.

Дел Кастиљо верува дека паметната четка за заби ќе може на време да детектира потенцијални проблеми со срцето и потоа да го поттикне корисникот на четката да се консултира со доктор и да спречи посериозни проблеми.

Пред и за време на срцевиот удар, се менува „состојбата“ на плунката, а мерењата со помош на паметната четка ќе им овозможат на докторите на време да го дијагностицираат проблемот и да се обидат да спречат разни срцеви заболувања и со тоа да го спасат животот на пациентот.

Loading...

Related posts