Одложена Кембриџ програмата за средношколците

143

На денешната седница, Владата одлучи да биде одложена имплементација на Кембриџ програмата, односно на наставните планови и програми за прва година на гимназиското образование, средното стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование.

Задолжено е Министерството за образование и наука да го одложи започнувањето на имплементација на новите наставни планови и програми по наставните предмети математика, физика, хемија и биологија за прва година на гимназиско образование, за прва година на средно стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование во сите средни училишта.

Loading...