Одвикнете го детето од пелени за само 7 дена

42
Блогерката и искусна мајка, Кристина Копа, тврди дека секој родител може лесно да го одвикне детето од пелени за една недела и тоа без стрес.

Секоја голема промена кај децата може да биде проблематична, а педијатрите тврдат дека децата можат емотивно да се врзат за пелените, што само дополнително ја отежнува работата.

Таа тврди дека процесот е многу едноставен и успешен, а помош од страна нема да ви биде потребна.

Еве како да го сторите тоа.

Првите два дена

За почеток ставајте го на нокшир детето одма после будење и по враќање од надвор. Неколку часа во текот на денот седнувајте го на секои 15 минути. Пуштете го да си игра, јаде, гледа цртани, сите активности како и претходно, но сепак внимавајте на тајмингот. После 15 минути повторно на нокшир.Штом заврши ставете ја пелената и продолжете со секојдневните обврски. За време на третиот ден, тргнете му ја пелената целосно и продолжете да го ставате на нокшир, но не ставајте веќе пелена.

 

Доколку излегувате надвор, потрудете се со себе да носите нокшир или да одите некаде каде што има тоалет. Не заборавајте да носите многу резервни алишта со вас за пресоблекување ако се измочка детето.

Многу е важно да знаете дека во оној момент кога ќе ја тргнете пелената, никогаш повеќе не смеете да ја вратите назад.

Соблечете ја облеката на детето

Кога сте дома, оставете го нека шета голо, ако е доволно топло во домот или нека има на себе памучна маица. Ако детето нема на себе пелена или гаќички нема каде да ја обавува физиолошката потреба, па ќе мора да побара место. Затоа, секогаш чувајте го нокширот во близина.

Ако ја заврши работата во нокшир, обавезно покажете му, речете ‘бљак’, а потоа истурете во WC  шолјата и пуштете вода.

За седум дена, нема никогаш повеќе да побарате пелена за вашето дете.

hybread

Loading...