Ортопед од пеколот: „Ме праша дали сопругот, кога прв пат ме е…, го направил тоа од напред или од назад“

Една од најгледаните емисии во Хрватска, „Провјерено“, донесува несекојдневна приказна за лекар ортопед во Загреб, кој со своите пациенти се однесува многу непристојно, безобразно и без никаква почит.

Тоа што посебно шокира е што од болницата пет пати го предупредиле, но се останало на тоа.

Една пациентка раскажува дека прегледот во Клиничката болница Дубрава и се претворил во кошмар.

„Жално е што таа приказна трае од 2011 година, и не ми се случило само мене, а тој доктор се уште работи“, вели пациентката.

Вели дека нема добар ден, кога е влезиш во ординација, туку почнува со зборовите: „Зошто дојдовте кај мене, дај да видам, еве не ви е ништо, што ви треба, пензија или боледување?.

Таа веќе имала дијагноза, сколиоза, со болки во грбот кои станувале посилни, па помош побарала во Дубрава.

„Кој к.. сте оделе на физијатар, тие и онака за ништо не служат. Требало веднаш да дојдете кај мене“, рекол докторот, кој неколкупати повторил дека пациентката има огромни гради.

Ја прашал дали е мажена и дали има деца, и дали и нејзините деца се грбави. И рекол дека има грпка од раѓање.

„Ме праша дали сопругот кога прв пат ме е..л, тоа го направил од напред или од назад, затоа што ако било од назад, ќе знаел дека сте грбава, а вака успеавте да го измамите и да се омажите за него, ваква грбава“, рекол докторот.

Сестрата цело време била во ординација, но не реагирала, а кога пациентката и се пожалила надвор, таа рекла дека со сите се однесува така.

Loading...