Осудена на затворска казна фатена на граничниот премин Ќафасан, ќе биде спроведена во Идризово

1615

Вчера во 19.10 часот на Граничен премин Ќафасан, за влез во Република Македонија се пријавила Г.К.(40) којашто била евидентирана со мерка „Лиши од слобода“ за сторено кривично дело по член 202 став 1 од Кривичниот закон на Република Македонија.

Во 21,20 часот, истата со Потврда за предавање на лице, била предадено на полициски службеници од Полициска станица Струга со цел спроведување до Казнено поправна установа Идризово.

Loading...