Параглајдерист почина во близина на Крушево

535
1

Параглајдерист од Чешка вчера бил пронајден починат во местото викано „Две чешми“ во близина на Крушево.

МВР соопшти дека во местото викано „Две чешми“ во непосредна близина на Крушево, вчера во 13:40 часот од страна на спасувачка екипа пронајден е починат Ј.В. (51) од Република Чешка.

Чешкиот параглајдерист вчера околу 13 часот полетал од Мечкин камен во Крушево и додека управувал се закачил на дрво, по што паднал на земја и починал. Ј.В. бил член на чешка аматерска асоцијација за летање.

Смртта е констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица во Крушево. По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Loading...